Атлетико слави – Симеоне стави потпис на нов договор!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Диего Симеоне уште еднаш ја потврди својата верност кон Атлетико Мадрид и денес потпиша нов договор до 2020 година.

Симеоне имаше договор со Атлетико до 2018 година, што значи дека на крајот на сезоната можеше да се пресели во друг клуб, но Аргентинецот одлучи да му остане верен на „јорганџиите“ и денес стави потпис на нов договор.

„Тој ја почна својата седма сезона во Атлетико. Во Ла Лига нема тренер кој подолго го води својот клуб, а од европските екипи само Арсен Венгер е подолго од него во еден ист тим“, соопштија од клубот.

Симеоне беше назначен за тренер на Атлетико во декември 2011 година кога го однесе тимот до тронот на Лигата на Европа. Во сезоната 2013/14, Чоло беше предводник на Атлетико Мадрид до нивната десетта титула во Ла Лига, а го однесе тимот и во две финалиња во Лигата на шампиони.