Вебкафе

Асгардија – првата вселенска држава


Асгардија е името на нордискиот митски град на небото и според него тоа име го доби и првата држава во вселената, надвор од планетата Земја (барем нам прва позната таква).

Целта на Асгардија е создавање мирно општество и заштита на Земјата, на пример, од астероиди или други опасности од вселената Интересно е дека за државјанство за Асгардија во текот на 40 часа се пријавиле дури 100.000 луѓе, а после три недели таа бројка се зголемила на 500.000.

Идејниот зачетник на Асгардија е рускиот научник д-р Игор Ашурбејли, роден во Азербејџан. Тој во  1988 ја основал компанијата Socium, компанија за софтвер. Во Москва се преселил во ’90-те, a во 2010 година ја добива руската државна награда за наука и технологија. Го основал Вселенскиот меѓународен истражувачки центар (AIRC) кој се наоѓа во Виена и претседател е на Одборот за вселена и наука во UNESCO.

Лицата кои се пријавија за да станат жители на Асгардија доаѓаат од 217 земји, а повеќето се на возраст помеѓу 18 и 35 години. Најмногу луѓе се имаат пријавено од Кина, 28%, а од вкупниот број пријавени, 130.000 говорат англиски јазик.

Своето физичко присуство во вселената ќе го остварат со помош на серија сателити, а Асгардија-1 ќе биде лансира на 12 септември оваа година.

Сателитот на Меѓународната вселенска станица (ISS) ќе стигне во рамки на мисијата Orbital ATK, наносателит кој со себе ќе носи податоци за лицата кои се пријавиле меѓу првите 100.00. Потоа ќе се понудат дополнителни 200 гигабајти за уште 400.000 луѓе, и уште 100 гигабајти за да може Асгардија да брои еден милион жители.

Освен тоа, се планира и создавање на населива платформа, на висина помеѓу 161 и 321 км од површината на Земјата, а првиот лет на човек на платформата се очекува за осум години.

Асгардија во 2018 година би требало да побара и признавање во Обединетите нации како нација.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top