Арсенал потврди: Познато колку ќе паузира Лаказет


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Францускиот напаѓач на Арсенал, Александре Лаказет ќе мора да паузира во наредните шест недели поради повреда на коленото.

Лаказет полека го губи местото во стартниот тим со доаѓањето на Обамејанг, а на дербито со Тотенхем минатиот викенд пропушти голема шанса.

Токму на тој натпревар настрада и коленото на Французинот, а клубот денес потврди дека ќе мора да биде опериран.

Лаказет ќе ги пропушти двата дуела во Лига Европа, а сигурно нема да игра и во финалето од Лига купот против Манчестер Сити кое се игра на 25-ти февруари.

Арсенал операцијата на коленото ја дефинираа како „мала процедура“, но Лаказет сигурно ќе отсуствува од терените во наредните шест недели.

Французинот одлично ја започна сезоната со 4 гола во првите 6 меча, но во последните 13 има постигнато само еден гол.