Армијата ја презеде контролата врз власта во Зимбабве


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Армијата на Зимбабве, според сопствени наводи, ја презела власта во земјата. Висок офицер тврди дека во земјата не е извршен пуч, туку дека главната цел е справување со „криминалците“ во непосредното опкружување на претседателот Роберт Мугабе.

93-годишниот претседател и неговото семејство се на безбедно место и се живи и здрави, тврди генерал-мајорот. Во Хараре, главниот град на Зимбабве, сите пристапни патишта кон најважните институции се блокирани од војници и оклопни возила.

Пред зградата на парламентот се наоѓаат тенкови, а низ улиците патролираат војници. Се чини дека по скоро 40 години, е завршено децениското владеење на Роберт Мугабе.