Ариго Саки: Ако Јувентус не го освои Скудетото нека се „убие“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот италијански тренер, Ариго Саки тврди дека Јувентус во моментов нема ривали во Серија А и дека без проблеми ќе го освои Скудетот, кое за „бјанконерите“ ќе биде шесто по ред.

„Јувентус е индивидуално најдобар тим, има одличен тренер. Иако му се потребни нови фудбалери, бидејќи полека доаѓа до смена на генерации, сепак Јуве е прв со голема предност и огромна самодоверба. Не гледам дека има ривали во Италија“, истакна Саки.

Саки тврди дека во моментов Милан, Рома, Наполи и Интер не се на нивото на Јувентус, па доколку „старата дама“ не го освои Скудетото тоа би било фудбалско самоубиство.

„Не може да се каже дека Милан е ривал на Јувентус. ’Росонерите’ имаат одлични резултати, но само благодарение на Монтела, немаат тим да го бркаат Јуве. Интер ја почна катастрофално сезоната, а Рома иако игра убав фудбал го нема потребниот менталитет. Доколку Јуве не ја освои титулата тоа ќе биде фудбалско самоубиство“, заклучи легендарниот тренер.