Археолозите пронајдоа 250 години стари переци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германски археолози пронајдоа 250 години стари грицки, за време на ископувањата во баварскиот град Регенсбург.

„Гарантирам дека овие се најстарите пронајдени переци досега“, изјави Силвиа Кодрено-Виндауер, од баварскиот државен институт за конзервација.

Освен переците, археолозите ископаа и јагленосани пецива и кроасани. „Навистина е посебно да пронајдете нешто кое го отсликува секојдневието од тој период“, изјави градоначалникот на Регенсбург, Јоаким Волбергс.

Наоѓалиштето во Регенсбург, сместено покрај Дунав, е наоѓалиште на „археолошко богатство“ со години наназад. На истото место беа пронајдени дрвена куќарка стара 1.200 години и остатоци од средновековно дрвено шеталиште до реката.