ПОТВРДА ЗА БИБЛИЈАТА: Археолозите откриле 2.700 години стар печат, од водачите на Ерусалим!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Откриен е отпечаток од печат на управувачите на Ерусалим од библиските времиња.

Израелски археолози во понеделникот откриле 2.700 години стар отпечаток од печат во глина. Се верува дека припаѓал на библиски водач на Ерусалим. Артефактот е напишан на староеврејски јазик, а се чини дека припаѓал на водач на градот, тоа било и најугледна позиција во Ерусалим.

Отпечатокот е со величина на мала монета, а на него има двајца мажи свртени еден спрема друг. Овој отпечаток бил ископан од стариот дел од градот.

„Овој отпечаток на глина оди во прилог на библиската приказна за постоење на управител на градот Ерусалим пред 2700 години“, вели Шломит Векслер, кој е еден од истражувачите. Водачите на градот ги именувале кралови, а во Библијата се спомнуваат два пати.