Култура

Арехолошка атракција: Во „Цистерна„ на Виничко кале откриена статуа од грчката божица Афродита


Музејот „Теракота“- Виница во мај почна со реализација на проектот „Расчистување и доистражување на објектот цистерна“ на археолошкиот локалитет Виничко кале.

Група археолози и студенти кои работат на овој проект открија мермерна скулптура која спoред првичните проценки е божицата Афродита со Ерос во рацете.

„Интересен предмет кој го пронајдовме на подното ниво на цистерната е мермерна скулптура во седечка положба, најверојатно се работи за Афродита, која седи на карпа и со левата рака се потпира на карпата. Не успеавме да ги најдеме телото и главата од скулптурата. Покрај тоа откривме и доста ќерамика која во следниот период ќе биде научно обработена и се разбира конзервирана и изложена во витрините на музејот „Теракота“. Една од главните цели на проектот поврзани со заштитата на цистерната оваа година е нејзино оградување со ограда од поцврст материјал, изјави Јулијана Иванова, директор на музејот „Теракота“.

Конзервација и покривање на цистерната, посочи таа, би биле последователни фази од проектот за кој треба да се изготви проект во соработка со Национален конзерваторски центар кој е надлежен за недвижното културно наследство на територијата на општина Виница.

Проектот е финансиран од Министерството за култура како проект од национален интерес за годинава.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!