Апокалипса во Сочи: Рускиот крајморски град погоден од стравично невреме


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рускиот град  Сочи, на брегот на Црно Море, пред три дена беше погоден од незапаметено невреме, по кое половина град остана поплавен.

Брановите биле  толку високи што, по само неколку минути, олимпиското село било претворено во еден голем  базен, јави Танјуг.

6-12-soci

Извештатите од Русија зборуваат за тоа дека брановите во текот на невремето од 3 декември биле повисоки од пет метри, што предизвикало тотална блокада на градот.

A photo posted by Aiya J (@miss_aiya) on

Патиштата се  поплавени, а долж шеталиштето се урнале околу 150 стебла, пишува „Раша тудеј“. Сите летови за Сочи се откажани, пренесува хрватски „Јутарњи лист“.

A photo posted by Aleks Yureva (@aleksyureva) on

Стебла се урнале и врз електрични кабли и гасоводни цевки. така што половина град е без гас и електрична енергија. Штетата е огромна, пренесуваат локалните медиуми.