Апелација пресуди: „Бомба -разговорот“ меѓу Мијалков и Тачи ќе биде доказ во „Титаник 2“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Два прислушувани разговори кои јавноста ги слушна во рамки на објавените „бомби“ од поранешната опозиција, а од кои едниот е помеѓу поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи во кој се слуша како се договараат за гласање во ДИК, ќе бидат доказ во судската постапка за случајот на СЈО „Титаник 2“.

Од Апелациониот суд појаснуваат дека како и во претходните случаи одлучиле да го преиначат решението на Кривичниот суд кој ги одби бомбите и да дозволат прислушуваните разговори да бидат слушнати во судница.

Покрај Мијалков и Тачи во „Титаник 2“ се обвинети и поранешниот член на ДИК Бедредин Ибраими и Сашо Срцев како и петмина судии од Управниот суд.