Актуелно

Апелација одлучува: Дали снимките за случајот „Поткуп“ од „Јутјуб“ ќе се користат како доказ против Заев?


Денес апелациониот суд закажа седница на која ќе се дускутира за видео снимката која излезе на „Јутјуб“ за случајот „Поткуп“. Главното прашање за тоа ќе биде дали снимката ќе се користи како доказ против премиерот Зоран Заев.

Последната седница во Апелацискиот суд беше одложена бидејќи судијата известител за овој случајот е избран за судија во Врховен суд. Седницата беше одложена на неопределено време.

Адвокатите на Заев, претходно, од Кривичниот суд побараа да ги издвои овие снимки од доказниот материјал. Судот го одби нивното барање и донесе решение тие да бидат доказ, по што поднесоа жалба до Апелацискиот суд.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top