Актуелно

Апел од охридските пчелари: Несодветни хемиски препарати од овоштарите ни нанесуваат штети


Пчеларите бараат од овоштарите да употребуваат соодветни хемиски препарати за третман на овошните култури.

Употребата на несоодветни хемиски препарати индиректно негативно влијаат врз квалитетот на медот, на пчелните семејства, но и врз родот на овошките кои зависат од опрашување на пчелите, укажуваат пчеларите. Минатата година пчеларите побарале од Центарот за јавно здравје да им помогне за да се намали штетното влијание од прскањето, но досега ништо од тоа. Меѓусебна соработка на охридските пчелари и овоштари нема, вели Тони Јосифоски од здружението на пчелари. Секој употребува хемсики препарти како што ќе му текне и пазарот не се контролира, се жали Јосифоски.

Тоа е факат дека соработка нема и не не почитуваат. Друго има проблем и со земјоделските аптеки што продаваат разни препарати кои нас ни штетат. Во голема мерка ни нанесуваат штети, потенцира одгледувачот на пчели Јосифоски.

Охридскиот овоштар Ванчо Стојаноски вели природата функционира по своите законитости и на овошките им се неопходни пчелите. Се согласува дека меѓусебната соработка меѓу овоштарите и пчеларите е мошне важна за да се развива пчеларството. Добредојдени се средби и заеднички трибини за да се едуцираме сите, вели Стојаноски.

Денес има можности да се намали употребата на хемиските препарати, отрови кои во секој случај не само што им штетат на пчелите туку и на природата и на луѓето. Помала деградација не животната средина со помалку внесување на отрови во организмот и во таа насока би сакал што поскоро да одржиме заедничка трибина за едукација и на пчеларите и на овоштарите, подвлекува Стојаноски.

Пчеларот Тони Јосифоски смета дека луѓето од двете земјоделски гранки треба да сфатат дека едни на други си носат проблеми пред се поради незнаење, а решението е во поголема едукација.


Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top