Антонио Бандерас ќе го глуми Феручи Ламборгини


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Снимањето на филмот за животот на основачот на славната италијанска автомобилска компанија кој ќе го глуми Антонио Бандерас ќе започне за неколку месеци, а толкувањето на улогата за ликот на неговиот најголем конкурент, Енцо Ферари, е доверена на Алек Болдвин.

Филмот за животот и делот на Феручи Ламборгини треба да го носи насловот „Ламборгини – легенда“, а ќе го режира Мајкл Радфорд. За сценариото кое е потпишано од Боби Мореско е користена книгата која за својот татко ја напиша Тонино Ламборгини.

Ламборгини ќе го глуми Антонио Бандерас, а филмот ќе биде приказ на неговиот живот од времето во кое се занимавал со производство на трактори и воени возила, до времето во кое Ламборгини почнал да произведува суперспортски автомобили со кои од ’60-те години на  минатиот век станал лут ривал на Енцо Ферари.

„Веруваме дека филмот ќе ги прикаже хуманоста, енергичноста, харизмата и страста на мојот татко“, изјави неговиот син Тонино, а интересен е фактот дека филмот нема да се занимава само со ривалството помеѓу Ламборгини и Ферари, туку во сценариото се споменуваат и многу други интересни детали од животот на Феручи, покрај останатото и неговата љубовна приказна.