Анѓушев: Владина помош за фирмите кои ќе даваат над 18.000 денари плата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На вчерашната прес конференција во Владата, претставувајќи го буџетот за 2018 година, вицепремиерот Кочо Анѓушев рече дека е тоа најреформски буџет.

Анѓушев рече дека за 91% се скратени непродуктивните трошоци за роуд шоуа и маркетинг кампањи. Исто така тој потенцираше, дека ќе стимулираат работодавачи кои ќе даваат плата над 18 илјади денари и дека, под тој износ фирмите нема да имаат помош од државата.

Според него, странските и домашните инвеститори ќе бидат изедначени.

– За нас сите инвеститори се еднакви, рече тој.

Владата на серија прес конференции следните денови ќе го образложува буџетот за идната година. Анѓушев очекува 80% реализација на капиталните инвестиции.

Државната каса в година ќе тежи приближно 3,4 милијарди евра, растот на економијата е проектиран на 3,2% и дефицит од 2,7%.