Англија, Шпанија, Германија – Гвардиола владее секаде!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Додека чекори кон освојување на титулата во Премиер лигата, Пеп Гвардиола гордо може да се пофали со уште едно големо постигнување.

Менаџерот на Манчестер Сити веќе го држи рекордот за најдолга серија на победи во Премиер лигата, Примера и Бундес лигата.

Имено, со „граѓаните“ има 15 последователни победи во лигата, во Шпанија со Барселона имаше 15, а со Баерн во Бундес лигата запиша 19 последователни победи.

Наредниот викенд избраниците на Пеп Гвардиола ќе ги одмерат силите против Тотенхем, па возможно е рекордот да биде подобрен.

Манчестер Сити има предност од 11 бода зад Манчестер Јунајтед, а сезоната се уште не е ни на половина.