Англичаните откриваат: Овој детал додатно ги влошил односите меѓу Погба и Мурињо!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Темата за нарушените односи меѓу Жозе Мурињо и Пол Погба повторно е актуелна во англиските медиуми, и покрај обидите на двајцата да покажат дека меѓу нив се е во ред.

Токму таков впечаток се обиде да создаде Французинот по дербито со Ливерпул, кога го прекина интервјуто на „Специјалниот“ за да го поздрави.

Португалецот, кој беше задоволен од победата над Ливерпул, одговори со насмевка на изненадувањето, но потоа, во соблекувалната му се налутил на Погба. Французинот бил прекорен за фактот дека неговото однесување покажало непочитување.

После овој инцидент Погба, кој го пропушти дербито поради повреда, не беше стартер во двата последователни натпревари на Јунајтед. Против Севиља влезе во игра во 60-та минута, додека против Брајтон воопшто не доби минутажа.