Англичанец прв пат после 29 години заигра за Барселона!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот талент на Арсенал, Маркус Мекгвејн вчера дебитираше за првиот тим на Барселона и стана првиот Англичанец кој заиграл за каталонскиот гигант после цели 29 години.

Мекгвејн запиша настап на пријателскиот натпревар од Суперкупот на Каталонија против градскиот ривал Еспањол.

Гери Линекер е последниот англиски фудбалер кој го носеше дресот на Барселона во периодот од 1986 до 1989 година.

19-годишниот Маркус се појави во игра на местото на Алеиш Видал во 77-та минута. Натпреварот заврши 0:0 во регуларно време, а Барселона беше поуспешна после изведувањето на пенали.

Мекгвејн, кој игра на позиција дефанзивен играч за врска пристигна во Барселона во јануари од школата на Арсенал.