Спорт

Ангеловски го повика Адеми: Среќен сум што се враќа!


Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, повика 23 фудбалери за последните два натпревари кои националниот тим ќе ги одигра во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија.

Најважната вест е дека селекторот Ангеловски во националниот тим го врати фудбалерот на Динамо Загреб, Аријан Адеми на кого му помина двегодишната суспензија.

„Среќен сум што еден таков фудбалер веќе на 7 октомври ќе има право да настапи за нашата репрезентација и ние мора да направиме сè што е во наша моќ, заедно со неговиот клуб Динамо, да ја врати натпреварувачката форма“, истакна селекторот.

Фудбалерите се собираат на 2-ри октомври, натпреварот против Италија е на 6-ти октомври, а три дена подоцна играат против Лихтенштајн.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top