Актуелно

Ангелов, обвинет за напад на Шеќеринска, тврди: „Ѝ помагав со малку повеќе сила“


Обвинетиот Панче Ангелов ја призна вината за нападот врз тогашната пратеничка Радмила Шеќеринска, а сегашна министерка за одбрана, за време на крвавите настани во Собранието на 27 април. Но и натаму тврди дека не сакал да ја повреди, туку со влечењето за коса сакал да ја тргне настрана.

Влечењето за коса на пратеничката Радмила Шеќеринска за време на инцидентите во Собранието на 27 април за обвинетиот Панче Ангелов било обид да ја тргне натрана, само што употребил повеќе сила отколку што требало. Таков беше неговиот денешен исказ во судот како дел од завршните зборови, откако пред судијката ја призна вината за, како што го нарече и самиот, „грозоморното дело“. Тој во обидот да и се извини на Шеќеринска по барање на судот истакна дека за време на настаните во Собранието, како што вели, можеби малку преемотивно настапил, но не му била целта да ја повреди, туку сакал да ја тргне.

„Но, во тоа тргање употребив повеќе сила, јас повеќе не ни пробав да ја тепам или да ја малтретирам“, изјави денеска во судницата Ангелов, барајќи од судијката поблага казна, затоа што бил стар и сам и доколку одел во затвор нема кој да му помогне.

„Па викаат таму луѓе, женско е женско е, една е, пуштете ја и јас само ја земав и ја тргнав и толку беше моето насилство, ако тоа е насилство. Таа стоеше пред мене како вие што стоите пред мене, ништо не ја онадив“, изјави кусо пред новинарите Ангелов пред неговиот адвокат да го повлече за рака на страна.

Неговиот адвокат Драган Пешевски побара најниска казна и потенцира дека обвинетиот дури пред неколку дена сфатил какви последици ќе му донесе стореното кривично дело. Тој очекува најмала казна иако е свесен дека тоа ќе биде казна затвор, но со оглед на сите околности се надева на условна казна.

„Мене ми е јасно дека казната веројатно ќе биде затворска, но во овој случај постојат посебно олеснителни околности кои може да доведат и до изрекување на условна казна“, вели Пешевски.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top