Анчелоти признава: Поради Бејл се скарав со Перез и заминав од Реал!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карло Анчелоти откри кои биле причините за влошување на односите со Флорентино Перез и призна дека на неговото заминување од Реал Мадрид „кумувал“ Герет Бејл.

Италијанскиот стратег откри дека претседателот Флорентино Перез инсистирал Герет Бејл веднаш после доаѓањето од Тотенхем да заигра за првиот тим на „кралевите“, иако тој како тренер сакал постепено да го воведи во својот систем на игра.

„Директорот ме повика и ми кажа дека претседателот сака да разговара со мене. Менаџерот на Бејл отишол кај Перез и се жалел што Герет не игра повеќе во центарот. Претседателот ме праша што ќе направам по тоа прашање, а јас одговорив: ’Ништо’. Не можев да го менувам системот на игра на среде сезона. Од тој момент мојот однос со претседателот не беше повеќе истиот“, раскажува Анчелоти.

Анчелоти потоа откри дека ја загубил битката за трофеите поради „глупава статистика“ на УЕФА.

„Нека статистика од УЕФА покажа дека нашиот тим нема ист број часови на тренинг колку и другите европски клубови. Ние до тој момент имавме 22 последователни побреди, значи заботевме како што треба. Меѓутоа, кога се појави статистиката, претседателот почна да ме притиска „Мораме да тренираме повеќе“. Јас го мислев токму обратното, дека на играчите им е потребен одмор. Титулата ја загубивме поради еден месец во кој не скршија повредите и заморот“, заклучи Анчелоти.