Екстра

Аналитичари откриваат: Русија симулирала НАПАД НА ЕВРОПА И БОМБАРДИРАЊЕ НА ГЕРМАНИЈА


Руската армија симулирала воен судир против НАТО, бомбардирање на Германија и инвазија на Балтичките држави за време на воената вежба на Владимир Путин „Запад 2017“, откриваат аналитичарите.

Масовната програма од воени игри кои вклучувале десетици илјади трупи со кодно име „Запад“ била изведена во близина на белорускиот главен град Минск, во септември.

Во тоа време имаше стравување дека Москва ги користи вежбите како покритие за да стационира војска и воена опрема во таа земја.

Аналитичарите од две западни разузнавачки агенции тврдат дека вежбата, која вклучувала артилерија, тенкови, лансирања ракети и симулации на воздушни и поморски напади, биле загревање за „шок кампања“ против западноевропските НАТО членки, вклучително Германија и Холандија.

Воените вежби, исто така, вклучувале и проба за окупација на Балтичките држави – Естонија, Летонија и Литванија, како и Полска, Норвешка, Шведска и Финска, изјавиле аналитичарите за германски Bild.

Соседите на Русија тврдат дека во тоа време Кремљ ги користел вежбите како проба за окупација на соседните нации кои биле под власт на Москва пред распадот на комунистичкиот Советски сојуз во 1991 година.

Москва неколку пати повтори дека вежбите, кои започнале на 14 септември, биле од чисто одбранбен карактер и не биле со никаква намера да се таргетира трета земја или група на земји.

Сепак, аналитичарите за германски Bild изјавиле дека вежбите биле практична проба на „целосна конвенционална војна против НАТО во Европа“. Неименуваните експерти тврдат дека воените вежби симулирале инвазија на „просторот Сувалки“, мала област на НАТО почва која ги поврзува Белорусија и руската енклава Калининград.

Привидна површина со иста големина била формрана за време на „Запад“ и била именувана како Вешнорија, пред да биде нападната како дел од воените вежби.

Експертите, исто така, тврдат дека Русите вежбале „неутрализирање на заземање под контрола воздушни простори и пристаништа (во Источна Европа), за да спречат било какви воени поддршки од НАТО државите таму“.

Аналитичарите, исто така, воените сили на оваа земја летале над Северното море и ги одминале Германија и Холандија за да вежбаат заземање на аеродроми, електрични централи и поморски бази.

„Вежбаа бомбардирање на западноевропски мети, се приближуваа до германскиот и холандскиот брег од Северното море како и кон Шведска, Финска и Полска преку Балтичкото море“, велат изворите.

Вежбите вклучувале Tu-95 стратешки бомбардери, како и воздушна поддршка преку воени авиони и авиони за полнење гориво.

Метите во реална ситуација ќе вклучуваат и „критични инфраструктури како воздухопловни бази, пристаништа, електрични централи и други цели, за да ги шокираат земјите и да ги натераат нивните жители да бараат од нивните влади да не се мешаат во тоа и да останат мирољубиви“.

Изворите, исто така, сугерирале дека ракетните одбранбени системи се подобро подготвени во Источна Европа и НАТО државите во тој дел од „Стариот континент“, за разлика од Британија, Германија и Данска.

Овие воени вежби кои се одржуваат еднаш на четири години вклучуваат и анти-подморнични вооружувања и вежби за воздушна одбрана над Балтичкото море. Тоа се практикува за да се ослаби НАТО во случај на инвазија врз Летонија, Естонија и Литванија.

Се практикувале и анти-воздушни, анти-поморски, па дури и анти-нуркачки воени вежби во таа област, велат изворите.

Во септември биле вежбани и напади на Шведска и Финска, бидејќи Русија не очекува дека тие ќе останат неутрални во евентуалната реална војна.

Илјадници трупи биле испратени за време на вежбата на полуостровот Кола, кој се граничи со Норвешка и Финска. Според друг извештај, биле видени Tu-95 и Tu-22m3 бомбардери, како и 50 воени брода кои вежбаат кон норвешкито Свалбард архипелаг помеѓу Русија и Арктичкиот Океан.

12.700 трупи зеле учество во воените вежби во Белорусија, додека дополнителни 12.000 биле инволвирани во вежбите во Ленинград и областите на Псков, во близина со естонската граница. 10.000 трупи биле пратени на полуостровот Кола.

Кога ќе се изесапат и поморските и авионските трупи, како и оние од Националната гарда, се добива импресивна бројка од 120.000 војници кои биле вклучени во вежбите.

Во периодот на воените вежби, официјален Кремљ изјави дека дале детален извештај до сите воени аташеа од сите заинтересирани земји за вежбите пред тие воопшто да бидат одржани, како и дозвола тие да ги набљудуваат вежбите доколку се заинтересирани.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top