Ана Дурловски во операта „Лучија од Ламермур“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во сабота, 10 декември 2016 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, после подолга пауза, ќе биде изведена една од водечките белканто опери „ЛУЧИЈА ОД ЛАМЕРМУР“ на Гаетано Доницети. Во насловната улога ќе имаме можност да ја чуеме нашата Ана Дурловски.

Улогата на Лучија се смета за врв во т.н. колоратурно пеење. Ана Дурловски, добитничка на европски „Оскар“ од германското јазично подрачје, за врвна интерпретација, настапува и на престижните оперски сцени во светот, познатата „Метрополитен“ опера во Њу Јорк, Виенската државна опера, Миланската Ла Скала и многу други сцени ширум светот.

Во останатите улоги ќе настапат: Марјан Јованоски, Зоран Сотиров, Марјан Николовски, Александар Стефановски-бас (во моментов живее и работи во Германија), Николина Јаневска и Јане Дунимаглоски.
Диригент е Џанлука Мартиненги од Италија, инаку шеф диригент во Македонската опера и балет за тековната сезона.

Во оваа психолошки фасцинантна опера, Лучија го губи својот здрав разум, го убива својот младоженец и конечно му подлегнува на лудилото во едни од најтрагичните и музички најдраматични сцени од операта.