Амнестираните затвореници од денес на слобода!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според информациите досиејата на затворениците веќе денес треба да бидат доставени до судовите кои им изрекле казна, а амнестеринати затвореници се очекува од денес да излезат на слобода.

Од Кривичниот суд претходно информираа дека се формирани повеќе кривични совети кои одлучуваат по барањата за амнестија. Од скопска единица рекоа дека се очекуваат околу 1.500 решенија.

Со Законот за амнестија кој беше донесен на 15 јануари целосно ослободување од затвор ќе добијат околу 800 лица, додека намалување на казната за 30 проценти ќе опфати над три илјади осуденици. Законот не предвидува амнестија за сторителите на убиство, кривични дела за силување, избори и кривични дела против државата.