Алфа Ромео: Наследник на моделот 166 нема да се појави пред 2021 година

Alfa-Romeo-166

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Моделот од висока и средна класа со кој Алфа Ромео му конкурираше на Ауди (А6) и Мерцедес (Е- Класа), за жал нема да се појави на пазарот пред 2021 година.

Со обзир на тоа што компанијата Алфа Ромео производството на својот модел 166 го заврши уште во далечната 2005 година. Додека пак другите компании непрекинато произведуваат и успешно продаваат автомобили кои се во истата класа, оваа вест од италијанската автомобилска компанија не беше очекувана. Па така моделот 166 нема да биде претставен пред 2021 година.

Алфа Ромео пред претставувањето на својот најголем седан, ќе ги понуди “освежените” изданија на моделот Giulia и Stelvio од кои групацијата FCA очекува многу на пазарите во САД.

До месец август, компанијата Алфа Ромео во Соединетите Американски Држави има остварено многу мала продажба, заклучно со месец август, овие ребрендирани модели се продадени само во 916 примероци. Утешно за Алфа Ромео е фактот дека сите произведувачи на автомобили од Д сегмент, генерално бележат пад на продажбата.

Како причина за одложеното претставување на моделот 166, може да биде зголемената продажба на СУВ возилата.