Алекс Родригез за Џенифер Лопез: Таа е…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бившата бејзбол ѕвезда, Алекс Родригез, прв пат јавно проговори за својата врска со латино дивата Џенифер Лопез, на гостувањето во емисијата The View, каде откри дека тој и пејачката одлично си поминуваат во заедничкото време како пар.

Лопез има ќерка и син од бракот со Марк Ентони, а нејзиното ново момче вели дека таа е прекрасна мајка.

„Таа е неверојатна девојка. Една од најпаметните луѓе кои сум ги запознал и неверојатна мајка“, изјави Родригез. Но, неговите пофалби не престанаа тука, па тој додаде дека неговата девојка е едноставна личност која сака едноставни ствари, како и дека семејството за неа е многу важно.

И покрај тоа што има 47 години, Џенифер Лопез и понатаму изгледа одлично, редовно вежба и на драго срце ги покажува своите заводливи облини на социјалните мрежи, но и на настапите во живо. Сепак, нејзиниот дечко открива дека постојат ствари на кои едноставно не може да им одолее.

„Ќе ме убие ако кажам премногу. Обожава сладолед од чоколадо и чоколадни кекси“, откри Родригез.

Иако се во врска само месец дена, Лопез и Алекс доста време поминуваат заедно. Парот беше на Бахамите и во Мајами, а Џенифер веќе се запознала со семејството од Родригез.