Актуелно

Албанец починал од струен удар


Државјанин на Албанија починал од струен удар. Настанот се случил вчера, а  истиот телефонски го пријавил во СВР-Тетово лекар од МЦ Тетово, околу 20,55 часот. 

Лекарот информирал дека во населба Дреновец-Тетово, во куќа лоцирана на ул. Дреновец Порој, лицето Л.А. (20) од Р Албанија, кое било во тоалетот, починало од струен удар.

Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од СВР Тетово. По наредба на ЈО, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top