Активни пожари во Чашка, Македонски Брод и Маврово Ростуше


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека денеска се регистрирани активни пожари во општините Чашка, Македонски Брод и Маврово Ростуше.

Во Општина Чашка пожарот е кај селото Богомила, месноста викана Бела Вода и Урбанци, село Дреново. Пожарот е на непристапен терен за гасење.

Кај Македонски Брод пожарот е околу селото Калуѓерец и месноста Сува Гора кај селото Волче, каде гори запалена сува трева и лисната постилка од борова шума. Во Општина Маврово-Ростуше има нов пожар на планината Бистра каде гори трева.