Ако знаете колкава е плоштината на овој триаголник можете да работите во Microsoft


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Работа од соништата е другото име за вработување во гигантот Microsoft за многу луѓе ширум цел свет. А интервјуата за вработување во оваа компанија се прераскажуваат на социјалните мрежи и предизвикуваат големо внимание.

Посебно едно прашање, поточно една задача која ја добил на тестирањето за вработување во Microsoft еден дечко од Индија, а кого истото го чинело работно место кај Бил Гејтс.

Прашант Багдиа на сервисот Quora ја поставил задачата која неговиот пријател ја доби на интервјуот за работа, а гласи вака:

„Правоаголен триаголник има хипотенуза 10 см, а висината над хипотенузата е 6 см. Колкава е неговата плоштина?“

Типот задачата ја пресметал според формулата 1/2 помножено со производот од 10х6, со што го дал одговорот дека плоштината изнесува 30 квадратни сантиметри. Тимот кој го интервјуирал го прашале дечкото дали е сигурен и да размисли уште еднаш. Типот малку размислил и рекол дека е сигурен во одговорот, формулата кога имате една висина од правоаголниот триаголник и должината на хипотенузата е:

{\displaystyle P={\tfrac {1}{2}}\cdot a\cdot b}

Тогаш тестаторите му кажале дека одговорот кој го дал е погрешен и дека со тоа интервјуто е завршено, да почека надвор за да ги објават резултатите. Со својот одговор тој ја загубил шансата да се вработи во Microsoft. Зошто?

Типот на излегување ги прашал тестаторите дали може да му го кажат точниот одговор на задачата. Тие му рекле дека точниот одговор е оти раков триаголник не може да постои, а зошто не може да си размисли сам.

Причината е дека ако хипотенузата е долга 10 сантиметри, висината може да биде најмногу 5 сантиметри, со оглед на фактот дека краците на правоаголниот триаголник се под агол од 45 степени поврзани со хипотенузата, го дава своето објаснување Прашант на социјалната платформа.