Ако ви фалат протеини – овие се вистински намирници за вас

протеини

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Здрав и активен живот не може без протеини, а кога се тие состојки во прашање, знаете ли кои намирници содржат најголемо количество од оваа состојка?

Веројатно веднаш ќе ви паднат на памет јајцата и месото, но едно тврдо варено јајце во себе содржи „само“ десетина грама протеини, па не е толку „јако“ за да држи таков „монопол“ на оваа скала.

Протеини во сушена спирулина

Спирулината е растителен планктон кој спаѓа во модрозелените алги, а името го има добиено по спиралната форма. Позната е како супер-храна од океанот која е полна со здрави хранливи состојки, а воедно и лесно сварлива.

A post shared by Adania (@organic_byaysh) on

Најчесто ја наоѓаме во форма на додаток во исхраната, а само една лажица спирулина во прав има околу 4 грама протеини. Можете да ја користите во јадења, „смути“ или салати, а и после оброкот слободно можете да изедете 2-3 лажици.

Печени зрна од соја

A post shared by @trek_vagrant on

Ако имате можност да набавите чисти зрна од соја, уживајте во нивните благодети. Само една четвртина лажица вкусни, малку потпечени зрна соја даваат околу 15 грама протеини. Одлични се за во салати, а изобилуваат и со влакна.

Бомбата од протеини наречена скир

протеини

Откако го откривме скирот, најздравиот јогурт од Исланд, побогат со протеини и од грчкиот јогурт, не смееме да го изоставиме од листата. Ако не сте во можост да купите скир, совршена алтернатива е обичен грчки јогурт. Класично пакување на грчки јогурт во себе содржи околу 5 грама протеини. Скирот, пак, има дури 11 грама.

Тврдо сирење

Една порција тврдо сирење може да содржи и до 20 грама протеини. Но, бидејќи сирењето содржи и доста масти, сепак малку треба да внимавате со количината.

Сушени семки од тиква

Со вкусот се совпаѓаат со многу јадења, па можете да ги користите во речиси секој оброк. Тоа воопшто не е лош избор, ако се знае дека четвртина лажица исчистени и сушени (не печени) семки од тиква содржи околу 10 грама протеини.