Ако имате 95.000 евра вишок – ОВОЈ ќе ви ја избрка сета негативна енергија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Виенска болница потпишала договор со контроверзен „истерувач на негативна енергија“ за чии услуги требало да платат забегано високи 95.000 евра.

Надлежните служби од болницата го ангажирале „ловецот“ на штетни бранови за енергетски да ја прочисти новоизградената болничка зграда.

Се огласила и виенската бискупија која на Твитер соопштила дека целосно непотребно е ангажиран овој истерувач на негативна енергија, бидејќи црковниот благослов бил сосема доволен, а и поевтин.

„Експертот“, кој болницата го ангажирала да направи „заштитен енергетски прстен“ околу објектот, за своите вуду-услуги, според договорот, би требало да наплати 95.000 евра. Меѓутоа, овој проект е запрен бидејќи овој скандалозен договор протекол во јавноста. Според медиумите, три лица биле приведени во врска со скандалот.