Ако го чувате млекото во овој дел од фрижидерот – си го загрозувате здравјето


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Eкспертите предупредуваат дека е штетно за нашето здравје доколку редовно го чуваме млекото во преградите на вратата од фрижидерот, што многумина по навика и го прават.

Образложението е едноставно. Температурата не е еднаква во секој дел од фрижидерот, а кај вратата таа е најпроменлива, што доведува до побрзо расипување на млечните производи.

Препораката е – млекото да стои на средишните полици од фрижидерот.

Што се однесува пак, до распоредот на останатите намирници, во фиоките најдолу се чува водата, овошје, зеленчук и свежи зачински билки. Првата полица е наменета за свежо месо и риба (во фолија, секако), втората за млечните производи и јајцата, а над нив стои готовата храна.

Вратата од фрижидерот служи за конзервираните производи.