Ако е принц, сепак има сосема нормална и скромна желба за Божиќ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Британскиот принц Џорџ кој годинава наполни четири години, овојпат има само една, и тоа сосема скромна и приземна желба за Божиќ, откриваат од кралското семејство.

„Не напиша премногу, па мислам дека една желба е во ред, веројатно“, изјави неговиот татко, војводата од Кембриџ, принцот Вилијам, при посетата на „татковината на Дедо Мраз“, Финска.

На листот хартија стоела пораката: „Драги Дедо Мраз, оваа година јас бев лош/добар”, при што малиот принц ја заокружил опцијата „добар”, а од петте празни места за желбите пополнето е само едно – полициски автомобил, испишано со детски ракопис.