Ако батеријата од мобилниот ја полните ноќе – престанете со таа навика


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Речиси сите корисници на смартфони батериите на своите гаџети ги полнат ноќе. Ставањето на мобилниот на полнач пред спиење стана ритуал речиси еднаков на миењето заби пред спиење, а тоа воопшто не е паметно.

Целоноќното полнење на батеријата  ја оштетува самата батерија и значително го скратува нејзиниот рок на траење.

„Размислете, ако мобилниот го полните ноќе, тоа значи дека тој се најдува поврзан на полначот за батерија три до четири месеци во годината. Дури и самите производители да направат поквалитетна батрија, ваквиот начин на нејзино полнење во секој случај ќе го намали нејзиниот капацитет со тек на време“, вели Хатем Зејн, основачка на компанијата Ossia, која се занимава со технологија базирана на безжично полнење.

Батериите од мобилните треба да се полнат додека не достигнат 100% енергија, а потоа веднаш да се исклучат од полналот. Обидете се да стекнете навика мобилниот да го ставате да се полни еден-два часа пред спиење. Верувајте, така ќе го продолжите траењето на батеријата.