Академик на државната телевизија: Ное пред потопот разговарал со неговиот син преку мобилен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Турскиот академик Јавуз Орнек гостуваше на 6 јануари во емисија на јавната телевизија ТРТ1 во која тврдеше дека технологијата пред 10.000 години била многу понапредна за разлика од денес.

Рече дека Ное ја изградил арката од Челик и користел нуклеарна енергија како гориво.

Орнек во емисијата тврдеше дека Ное користел мобилен телефон за да го повика синот да дојде на арката и додаде дека на арката не ставил животни, туку јајца од сите живи битиа.

Водителката и Омер Фарук Харман, професорот по теологија кој беше втор гостин го повикаа Орнек да им покаже докази.

„Брановите биле високи 300-400 метри и синот на Ное бил со километри далеку, но како комуницирале? Јас сум научник и зборувам во името на науката“ вели Орнек.

Публиката на сето ова реагираше генерално негативно.