Актуелно

Ајде на When in Krusevo!


Од 4-ти до 6-ти август, Крушево е вистинското место за сите оние кои уживаат во кампувањето, спортувањето, параглајдингот и забавата на отворено.

When in Krusevo е првиот outdoor фестивал, што има за цел да им понуди ново и уникатно искуство на сите посетители кои сакаат да го посетат Крушево.

Програмата вклучува авантуристички МТБ и планинарски тури низ недопрената крушевска природа, адреналински тандем параглајдинг од Мечкин Камен, посета на историските знаменитости и музеи, како и многу забава на Крушевското езеро.

Незаборавното велосипедско доживување започнува Гумење на 50м од Кумитскиот камп, поминува низ познатата Крушевска корија и преку историската Слива се искачува до манастирот св. Преображение и до Крстот над Крушево од каде ве чека еден од најубавите погледи кон целата Западна Македонија.

Оние кои повеќе сакаат да планинарат, отколку да возат велосипед, имаат можност да ја изберат планинската авантура низ недопрената Крушевските природа, додека за вљубениците на параглајдингот тука е тандем параглајдингот, кои како што велат организаторите на настанот, е доживување што не се заборава.

Во рамките на When in Krusevo ќе бидат организирани и културно-рекреативни тури во кои е вклучена посета на споменикот Илинден, галеријата Мартиновски и спомен куќата на Тоше Проески.

Повеќе информации за настанот ќе пронајдете на следниот линк.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top