Ахмети: Очекувам Иванов да го додели мандатот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети за ТВ 24 изјави дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев ја добил нивната поддршка да достави гаранции за унитарноста на Македонија.

„Разговаравме и околу гаранциите кои што Иванов ги бара за давање на мандатот, околу територијалниот интегритет и уставниот поредок на Македонија. Неколку пати сум кажал дека се залагам за унитарниот карактер на Македонија, почитување на Уставот и ја сметам Македонија за моја држава, за наша држава“, изјави Ахмети по средбата што денеска ја имал со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Тој додаде и дека очекува Иванов да не прави „акробации“ и да го додели мадатот.