Агуеро ја промени историјата на Манчестер Сити


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Сити синоќа запиша голема победа на гостувањето кај Наполи (2:4), а тој натпревар ќе остана запаметен и по големиот рекорд на Серхио Агуеро.

Агуеро беше стрелец на еден од головите и со тоа влезе во историјата на клубот. Аргентинскиот напаѓач го постигна својот 178 погодок и стана најдобар стрелец во историјата на Манчестер Сити.

„Многу сум среќен во овој момент, а најмногу поради тоа што добив поддршка од целиот тим, навивачите и сите мои блиски, па им благодарам за тоа“, изјави Агуеро.

Честитки за соборување на клупскиот рекорд стигнаа и од менаџерот Пеп Гвардиола.

„Агуеро сега е дел од историјата на Манчестер Сити. Тој е легенда на клубот. Привилегија е да се има таков играч во тимот“, истакна каталонсккиот стратег.