Агентот на Џеко ги потврди преговорите со Челзи


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Агентот на Един Џеко, Ирфан Реџепагиќ потврди дека се во тек преговори за трансфер во Челзи, но желбата на босанскиот напаѓач е да остане во Рома.

Во последните денови се појавија информации дека Конте по секоја цена бара напаѓач и дека на врвот на листата желби е Един Џеко.

Последните информации од Апенините говорат дека Челзи испратил понуда и дека започнал преговори со Рома (ОВДЕ).

„Вистината е дека Џеко сака да остане во Рома. Вистина е дека имав разговори со Челзи, но не можам да откривам ништо повеќе. Се што можам да кажам е дека на Конте многу му се допаѓа Един Џеко“, изјави агентот на напаѓачот.

Доколку Џеко се пресели на „Стенфорд Бриџ“ тој нема да може да настапува во Лигата на шампиони, бидејќи настапуваше за Рома, па дури постигна два гола против Челзи.