Вебкафе

Адидаски од океански отпад


„Адидас“ креираше три нови модели за својата популарна Ultra Boost колекција, што се направени од пластичен отпад пронајден во океан.

Со цел да го спречи загадувањето, „Адидас“ оствари соработка со организацијата што ја поттикнува свеста за загаденоста во светските океани „Parley for the Ocean“. Овие модели ќе бидат во продажба од 10 мај.

Во обид да му помогне на „Адидас“ оваа година да направи милион парови Ultra Boost патики од океанска пластика, „Parley for the Ocean“ настојува да го претвори отпадот во материјал што се користи за изработка на патики.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!