Адел како Доли Партон – сите заинтересирани за нејзините гради


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британската пејачка Адел е позната по својата смисла за хумор, а тоа го докажа и со најновиот „потфат“ кој го сподели со своите милиони обожаватели кои ја следат на социјалните мрежи.

Адел се трансформираше во кантри легендата Доли Партон, а при тоа водеше сметка за секој детал, па се потруди да изгледа што поуверливо како славната кантри пејачка.

Во розов костим, со руса перика и гитара во рака, таа добро ја „скина“ Доли. Но, на нејзините фанови за око им се фати нејзиното бујно деколте, кое беше истакнато во прв план, а по кое и Партон е позната.

A post shared by Adele (@adele) on

„Доли, ти си мој херој и вистинска кралица на музиката. Твојата харизма е неверојатна. Те сакам“, порача Адел.

Адел тврди дека не е невозможна соработка помеѓу нив две, бидејќи во 2016 година Партон изјави дека ја обожава славната Британка, па би сакала еден ден да отпеат дует.

На тоа се јави и Партон, во видео порака преку Твитер.