Зошто е убава историјата – Македонскиот зовриен казан и Француската револуција!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ја учиме историјата, не само за да знаеме што се случило во минатото, туку за да можеме да си ја објасниме сегашноста, а и ако сме добри во анализа, да предвидиме што може да ни се случи во иднина.

Во средниот век населението воглавно било поделено во три сталежи кои обично се добивале со раѓање и се носеле се до смртта: ОНИЕ КОИ СЕ БОРАТ (благородници, витези, аристократија), ОНИЕ КОИ СЕ МОЛАТ (свештеници, монаси и тн) и ОНИЕ КОИ РАБОТАТ (сите останати непривилегирани.)

http://www.dreamstime.com/royalty-free-stock-photos-medieval-scene-digital-illustration-social-classes-middle-age-image54203878

Првите два сталежи не само што не плаќале даноци, и обично живееле врз грбот на третиот сталеж, туку и во судскиот систем имале поголеми права, а биле и позаштитени од страна на монархот. Ако некој витез претепа селанец, често не одговарал или давал многу мала цена за отштета. На пример во франкскиот правосуден систем, цената за убиство на еден слободен човек била 200 шилинзи, односно отприлика колку 20 крави, смртта на свештеник се плаќала 300 до 400 шилинзи, додека цената за животот на еден благородник била околу 1200 шилинзи. Смртта на слуга пак, чинела многу помалку, околу 4 крави.

Но, благодарение на капитализмот кој се појавил во западна Европа, се родил нов слој, поттикнат од индустриската револуција, засилената трговија и банкарството наречен ГРАЃАНСКА БУРЖОАЗИЈА.

14.04revolucija5
Токму оваа нова сила преку Француската револуција во која настрада Луј 16-ти, а и преку Војната за независност на САД, како и револуциите во Европа на средината на 19-ти век, успеа нас непривилегираните да ни донесе релативно исти права со оние со ’СИНА КРВ’ и да бидат укинати сталежите.

Е сега, се поставува прашањето дали имаме капитализам во Македонија?

Дали ОНИЕ КОИ СЕ БОРАТ (политичарите) и ОНИЕ КОИ СЕ МОЛАТ имаат исти права со ОНИЕ КОИ РАБОТАТ?

14.04revolucija3
Или многумина се прашуваат, зошто во Македонија веќе подолго време граѓаните немаат доволно демократска свест и лесно се манипулирани од политичките партии?

Ја учиме историјата, не само за да знаеме што се случило во минатото, туку за да можеме да си ја објасниме сегашноста, а и ако сме добри во анализа, да предвидиме што може да ни се случи во иднина.

Додека во западна Европа, општествено-економскиот развој бил поттикнуван од капитализмот кој јакнел граѓанство, кое пак се здобило со политичка моќ и потоа создало либерална демократија, во Османлиска Македонија до крајот на 19 век имало доцен феудален систем со примеси на ран капитализам. Правосудниот систем бил според шеријатското право, а македонските христијани воглавно биле непривилегирани, односно граѓани од втор ред. На почетокот на 20 век, османлиското владеење било заменето со југословенската диктатура на Александар Караѓорѓевиќ која не дозволила формирање и јакнење на македонско граѓанство. По Втората светска војна пак, настапила комунистичката диктатура на Тито која исто така не дозволила јакнење на демократска граѓанска свест, спротивна на интересите на власта. Токму оваа историска подлошка беше плодна почва партиите по осамостојувањето целосно да го контролираат целокупниот општествен развој и да ни се случува ова што ни се случува.

Уште нешто што би им било од корист, особено на перјаниците на двете страни на барикадите во моменталните протести и контрапротести во македонскиот зовриен казан, како и на нивните организатори и менаџери. Француската буржоаска револуција која е главната причина што денес немаме сталежи е многу убава лекција ако се знае.

14.04revolucija4
Прво, револуцијата почнала дури кога во државната каса снемало пари, а цехот требало да го плати третиот сталеж. Второ во неа настрадал монархот Луј 16-ти, заедно со кралицата Марија Антоанета, откако се обиделе да побегнат од државата. Трето, во неа настрадал и најжестокиот ’опозиционер’ и револуционер – Максимилијан Робеспјер кој откако дошол на власт, спровел жестока диктатура и терор во кој и самиот бил ликвидиран. Четврто, сето тоа го искористиле ’странските служби’ – Феудалната коалиција предводена од Англија, Австрија, Прусија и тн, која воено интервенирала во Франција, што пак било причина да се појави Наполеон Бонапарта. Петто и најважно, во револуцијата најмногу настрадал обичниот народ, и оние кои биле за револуцијата, како и контрареволуционерите кои не можеле да замислат да живеат без кралот.

На крајот, не сакам да алудирам дека сето ова ќе се случи кај нас, само се надевам дека паметните од оваа лекција ќе извлечат прилично поука!


Пишува: Костадин Стојаноски, главен уредник на Таратур