Нобел

Закерберг: Мислев дека Фејсбук може да ги реши проблемите, но светот е многу поделен


После честите реакции на влијанието на технолошките компании на општеството, основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, рекол дека Фејсбук може да ги реши бројните проблеми, но светот бил многу поделен.

„Бевме фокусирани светот да го направиме поотворен и поповрзан. И секогаш мислев дека тоа е доволно да ги реши проблемите, но светот денес е повеќе поделен отколку што некогаш очекував дека ќе биде“, вели Цукерберг.

Фејсбук секојдневно се соочува со бројни критики на јавноста поради проблемот со технолошката зависност и улогата на платформата за ширење дезинформации во текот на американскте избори во 2016 година. Оваа социјална мрежа од тогаш покрена бројни промени на на полето со Новости, што го намали времето поминато на страницата.

Цукерберг вели дека Фејсбук, според него, има одговорност да работи на поврзување луѓе. Вели дека верува оти повеќето луѓе им мислат добро на другите, но дека соочувањето со мислењата кои се разликуваат однивните може да предизвика проблеми.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top