Славни

Кејт Аптон: „Насилно ме грабна за градите“


Славната убавица, модел и повремено актерка, бујната Кејт Аптон, обвинува дека била сексуално вознемирувана од страна на ко-основачот на Guess, Пoл Марсиано, а деталите ги вади во јавност дури денес бидејќи сега се охрабрила јавно да го каже тоа.

„Разочарувачки е тоа што женски бренд како Guess се уште е претставуван од Пол Марсиано како негов креативен директор“, напиша 25-годишниот модел на својот Twitter профил.

Во средата, Кејт даде моќно интервју за Time објаснувајќи дека нејзиното злоставување од страна на Марсиано започнало кога таа ја наполнила својата осумнаесетта година и кажа дека нема да дозволи Пол да ја заплашува повеќе.

Во интервјуто таа го опишува својот прв ден од кампањата за долна облека на Guess.

„Пол Марсиано рече дека сака да се сретне со мене. Штом влегов кај фотографот Ју Цаи, Пол дојде до мене и насилно ги грабна моите гради. Откако го тргнав од себе, тој само кажа дека сега е сигурен дека се вистински. И покрај тоа што направив буквално се за да го избегнам неговиот допир во текот на средбата, тој продолжи да ме допира на груб и доминантен начин. Бев многу вознемирена и исплашена“.

Освен тоа Аптон тврди дека Марсиано инсистирал да ја однесе во својата хотелска соба, на што интервенирал фотографот.

На обвиненијата се огласи и ко-основачот на Guess кој тврди дека обвинението е неточно.

„Никогаш не сум останал сам со моделот. Не сум ја допрел несоодветно ниту пак сум се однесувал кон неа на навредлив начин. Целосно го поддржувам движењето на #MeToo, но во исто време нема да дозволам други да ме обесчестат или да и наштетат на мојата репутација. Ветив на Guess и одборот на директори дека од моја страна ќе има потполна поддршка и соработка за фер и непристрасна истрага“, тврди ко-основачот Марсиано.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top