Славни

Ѝ подвлегоа: Ким објави фотка од 2007 година – хејтерите „собраа“ што сè оперирала


Дежурните „мрчатори“ (иако често оправдано и во право) добија „кец на десетка“ кога Ким Кардашијан објави фотографија од 2007 година.

На фотката старлетата е одвај препознатлива во однос на изгледот кој го има денес, бидејќи нејзините гради се двојно помали, а задникот не изгледа ни приближно голем како денес. Устата е поразлична, а исто и носот.

Ким фотката ја објави на нејзиниот Инстаграм профил, а под истата „хејтерите“ се вдадоа во елемент и направија попис на сето она од нејзиното тело кое го оперирала таа во периодот од 2007 до денес.

Ким на фотката позира, а ја фотографира нејзината тогашна пријателка Парис Хилтон, во тоа време најславна старлета на светот. Ким денес недвосмислено е попопуларна од неа, но уште се во добри односи и си честитаат родендени со објавување фотки од нивните „стари“ денови.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top