Авто мото

Овој модел од Мерцедес нуди преку 1700 варијации!


Мерцедес е Мерцедес, а Спринтер е најприлагодливото возило на пазарот со преку 1700 достапни комбинации.

Многуте комбинации се последица на богатата каросериска изведба, различни кабини, носивост и слично, па не е ни чудно што Спринтерот е возило кое може да го видете и на градилиште и како шатл превоз од некој ексклузивен хотел.

Новиот Спринтер може да превезува поголем товар благодарение на предниот погон. Секако, во понудата останува и задниот погон и погон на сите тркала. Излегува во форма од 114 до 165 КС, во зависност од потребата и 177 КС кај камперските варијанти.

Понатаму може да го сретнете и моторот 3.0 со 190 КС, а прв пат во понудата влегува и напредната автоматика. Најголемата новост е електричната изведба наменета за градското подрачје, а најавена е за идната година. Испораките на класичниот Спринтер почнуваат од Јуни.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top