Вебкафе

Елон Маск со едно видео ги замолчи сите кои веруваат дека Земјата е рамна!


Елон Маск на Твитер неодамна ги спушти луѓето кои веруваат дека земјата е рамна. Цела расправа започнала уште во ноември, а неговиот одговор го чекавме до сега.

Кон крајот на ноември Елон исто така преку Твитер се запраша: „Зошто не постои теорија дека Марс е рамен?“

Тоа тоа друштвото му одговор. „Хеј, Елон, фала на прашање. За разлика од Земјата, видовме дека Марс е топка.“ На тоа останаа, но два месеци покасно, Маск во свемирот испратил електричен автомобил Тесла Роудстер.

Откако полетувањето беше успешно, тој на својот Твитер објави поглед од неговиот автомобил во свемирот, а на снимките се гледа дека и нашата планета, како и Марс е топка.

Потоа следеа низа на коментари од корисниците. „Ова е големо разочарување за луѓето кои од некоја причина веруваат дека Земјата е рамна“ напиша еден.

„Погледнете ја таа рамна Земја“, коментираше друг.

А набрзо се огласи и друштвото „Рамна Земја“ со својот одговор.

„Луѓето кои веруваат дека Земјата е топка, бидејќи виделе автомобил во свемирот на интернет“ веројатно се нова верзија на луѓе кои сметаат дека е вистинито бидејќи беше на телевизија. Тоа е слаб аргумент“, велат тие.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top