Вебкафе

Дрво од кое извира вода во Црна Гора го привлече вниманието на светот! (видео)


Во селото Диноша кое се наоѓа во Црна Гора е забележан редок феномен на природата, односно постои дрво од кое тече вода.

Овој феномен најчесто е предивикан од обилни дождови, кои ги преплавуваат подводните извори, па дополнителен притисок ја поттиснува водата на површината, низ корењата на дрвото.

Дрвото прикажано на видео-снимката е шупливо, па водата буквално се излива од него.

Локалниот жител Емир Хакрамај вели дека овој феномен постои веќе 20-25 години, можеби и подолго, а дрвото е старо околу 100 до 150 години.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top