Актуелно

Дипломатска средба: Димитров и Коѕијас иницираат посуштински преговори за името


Под покровителство на Нимиц, шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, на 15 и 16 февруари ќе остварат средба во Софија на маргините на неформалната средба на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ и државите кандидати за членство.

Оваа средба во Софија под покровителство на медијаторот на ОН Метју Нимиц всушност ќе го означи почетокот на посуштинските преговори за името кога двете страни меѓусебно веќе се инфирмирале за позициите во однос на името и кога се очекува покажување на вистинската подготвеност за компромис и отстапки.

Вчера македонскиот премиер Зоран Заев најави дека наредната недела треба се одржи нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Димитров и Коѕијас со посредникот на ОН Метју Нимиц. Според најавите во овој период се очекуваат поинтензивни средби на претставниците на двете држави за ова прашање и можно соопштување на договорениот компромис некаде кон крајот на март или почетокот на април. По промената на името на скопскиот аеродром, кон крајот на месецов можна е посета на шефот на грчката дипломатија кој во Скопје би слетал на „Меѓународниот аеродром Скопје“.

Заев вчера првпат јавно соопшти дека Македонија во разговорите искажала подготвеност за прифати географска одредница за името. Од петте предлози за новото име од Нимиц, четири се со географска одредница – Горна, Северна, Вардарска и Република Македонија (Скопје).

Владата во Атина соопшти дека останува активно ангажирана во процесот.

Од Кабинетот на Иванов вчера потврдија дека претседателот на Република Македонија не е информиран за каков било постигнат договор меѓу македонскиот и грчкиот премиер од нивната средба во Давос, на кој договор се темелат јавните изјави на министерот за надворешни работи на Грција.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top