Актуелно

Александар Николовски: Оваа Влада треба да добие шанса да го реши спорот за името


Во интервју за ТВ 24, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, изјави дека двете најголеми политички партии во Македонија сакаат да се најде решение за спорот за името со Грција.

-Во овој момент Владата го води процесот сама. Тоа е нивна одлука и може да си го води така процесот. Во секоја држава има власт и опозицијата. Одговорноста за одлуките е на Владата. За ние да се изјасниме за преговорите, прво треба да има договор, а сега договор нема. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сакаат да најдат решение и прашањето да се затвори. Нема причина да не и се даде шанса на оваа Влада да најде решение. Доколку решението е лошо ние секако нема да го поддржиме, но доколку е спротивно ќе го поддржиме, рече Николовски.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top