Актуелно

Хан: Решение за името не е гаранција за членство ЕУ


Џабе целата еуфорија која ја наметнуваат прогрчките пропагандисти во Македонија кои тврдат дека само да се смени името ќе дојде мед и млеко. „Дури и ако се реши спорот за името ПЈРМ , сé уште нема да ги исполни сите услови за членство во ЕУ“, изјави високиот европски претставник, Јоханес Хан.

Комесарот за европска политика на соседството и преговорите за проширување, ова го посочи за време на презентацијата на Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан во Стразбур.

„Сепак, ова не е прашањето за членството на ПЈРМ во ЕУ, но, тоа е во првичната фаза на преговори“, рече Хан, како одговор на новинарско прашање.

Комесарот на ЕУ рече дека Македонија има многу повеќе прашања за решавање.

„ПЈРМ мора да исполни голем список на услови и суштински реформи, како што е реформирањето на правниот систем, законодавството за тајни служби и секторот за медиумите. Листата е долга. Пакетот е голем и тие имаат многу работа пред претпоставеното членство“, рече тој.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top